За нас

Преплет е креативно студио кое е создадено со цел да биде оптимистичко и инспиративно место кое ќе нè потсетува дека малите работи го прават моментот голем.

Основано во 2013 година од страна на Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска Аврамовска, ова студио е место низ кое што поминале илјадници креативни пораки и фрази, без разлика дали потоа биле аплицирани на производи, споделени на друштвените мрежи или, пак, разменети со најразлични соработници.

Сè до денес, студиото има изработено над 10 колекции составени од специјално дизајнирани производи како: постери, шолји, нотеси, тефтери, перничиња, тематски комплети, торби, лампи и уште многу други персонализирани детали.

Покрај сопствените колекции, Преплет има дизајнирано и остварено многу успешни соработки со поголеми фирми меѓу кои: Халк Банка, Ред Бул, Космо, Кафе-книжарница „Три“, Јавна Соба, Портрет Магазин, Имика, Хера, Арно, Аја Милк, Проарт, Рош, Подиум и др.

„Нашата цел при дизајнирањето е да создадеме производи преку кои секој ќе може да си се поврзе на свој и индивидуален начин. Секој наш производ носи автентична порака на себе и има задача да остане парче кое ќе отсликува момент вреден за паметење.“ 

 

Преплет © 2017. UKION SHOPS